Технологијата е дел од нашиот живот и не можеме да живееме без неа, особено без нашите паметни телефони.

Но, знаете ли како е можно подолго да го продолжите животот на батеријата? Еве неколку совети:

1. Не оставајте телефонот на полначот, доколку веќе се наполнил

Прилично јасно, но колку пати досега ви се случило да го заборавите телефонот на полнач? Тоа го скратува животниот век на батеријата.

2. Не треба да ја полните до 100%

Вашиот телефон не треба да биде 100% полн, тоа може само дополнително да ја оштети батеријата, затоа секогаш оставајте малку место за полнење.

3. Полнете го телефонот секогаш кога ќе можете

Доколку играте игри, постојано сте на Инстаграм или Фејсбук, многу брзо ќе ви се троши батеријата, и поради тоа не е добро да чекате самиот телефон да се изгаси, бидејќи целосно ќе се испразни.

4. Обрнете внимание на прегревањето на батериите на паметните телефони

Тие се исклучително чувствителни на прегревање, па затоа избегнувајте да ги изложувате на силно сонце или да ги полните заедно со торбичката, во која ги чувате.