Принцезата Мако, внука на јапонскиот цар Акихито, ќе се омажи за љубител на океаните кој скија, свири виолина и готви, пренесе државната телевизија НХК.

Канцеларијата на царското семејство во вторник одби да ги коментира овие наводи.

Кеи Комуро, за кого според пишувањето во медиумите ќе се омажи принцезата Мако(25), студирал на Меѓународниот христијански универзитет во Токио, на кој принцезата дипломирала, а во последно време често биле гледани заедно.

Жените не можат да го наследат јапонскиот престол на хризантемата, а таткото на принцезата и помладиот брат се во линијата за наследување зад нејзиниот вујко, престолонаследникот Нарухито.