Ајкула долга 220 сантиметри е уловена вчера кај островот Света Недела, во близина на Будва, Црна Гора, пренесува српски „Блиц“.

Фотографиите од ајкулата објавени на социјалните мрежи веднаш привлекоа внимание, но нема причина за паника, смируваат надлежните. Се работи за сина ајкула или модруљ, како што е позната на Јадранот, додава „Блиц“.

Оваа ајкула не претставува опасност за луѓето и покрај својата големина бидејќи главно се храни со лигни. Модруљот живее на отворено море, но може да се види и во близина на крајбрежјето. Се населува во Средоземното Море, но и во Атлантскиот Океан преку европското крајбрежје на северот на Норвешка. Експертите велат дека во многу ретки случаи може да биде опасна и за луѓето, пренесува „Блиц“.