Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 114. седница донесе Решение со кое понудата за преземање акции издадени од „Технокомерц” АД Скопје, што ја даде лицето Илија Филиповски, се утврди за успешна.

Понудата за преземање била прифатена од вкупно 22 сопственици на обични акции со право на глас во „Технокомерц” АД Скопје, кои поседуваат вкупно 3.688 обични акции, што претставува 16,76 % од вкупниот број на обични акции со право на глас.

Врз основа на оваа понуда, преземачот Илија Филиповски се стекна со 3.688 обични акции и заедно со акциите што веќе ги поседува има вкупно 11.184 обични акции, што претставува учество од 50,84 проценти од вкупниот број на обични акции, издадени од „Технокомерц” АД Скопје.

Преземањето на хартиите од вредност се изврши по цена од 1.000 денари по акција.