„Секси”, „спектакуларна”, „импресивна” – вака изгледа Биби Макрон, која е обожавател на Луј Витон. Таа носи кратки фустани и високи потпетици, а исто така има тенка половина, што ѝ овозможува да носи тесни панталони. Секој нејзин чекор веќе е следен од Пекинг до Њујорк.

Вечно насмеаната 64-годишна Брижит Макрон, која блиските  ја нарекуваат „Биби”, веќе ги презеде првите страници на весниците, фотографирани со сопругот по улиците на Париз, по капење на плажа или вечерта по победата, кога двајцата се држеа за рака,  пишува АФП во посебен преглед.

Љубопитноста кон антиконформистичкиот стил на нејзиниот брак  веќе ги храни сите страници со нејзината љубовна приказна и со вкусот кон облеката. Кога се сретнала со Емануел на почетокот на 90-тите години на минатиот век била мажена и имала три деца – тинејџери. Тогаш Биби имала 39 години, предвала француски јазик, водела театарски клуб во гимназијата.

„Покорена“ е од интелигенцијата на својот 15-годишен ученик. Следната година тој ги крши сите табуа и ѝ објавува љубов.

„Емануел ми рече:’Што и да правиме, ќе се оженам за тебе!’, се сеќава Брижит.

Во провинциското гратче Амиен љубовната афера е прифатена лошо. Брижит, сепак, не потклелкнува на барањето на родителите на Емануел, кои инсистираат таа да престане да се гледа со него. „Одлуката да него правам тоа беше донесена по голема дилема“, вели таа.

Во 2006 година Брижит се разведува од сопругот банкар и следната година се мажи за својот поранешен ученик, кој станал главен службеник. Таа оди кај него во Париз и предава на приватен лицеј. „Брижит не ме сакаше поради тоа што го имам, поради финансиската  состојба, удобноста или безбедноста кои ѝ ги давам. Таа се откажа од сето тоа заради мене”, пишува Емануел во книгата „Револуција”. Безмилосно исмејувана и на моменти поради разликата во годините, 64-годишната Брижит, баба на седум внуци, трпеливо ги поднесува зајадливите коментари и го остава Емануел Макрон да ја брани осудувајќи ја „најобичната омраза”, во која таа е жртва.

Верен сојузник на својот сопруг во освојувањето на власта, Брижит Макрон размислува за улогата на прва дама на Франција далеку пред тоа да се случи.

„Како професорка добро ги познавам младите и знам дека најважно е да ги почитуваш. Мојата битка ќе биде во областа на образованието за да им понудам нешто различно од тоа да стојат казнети во аголот.Ако ги оставиме настрана, тоа ќе доведе до експлозија “, рече таа минатата година за списанието „Пари меч “.

Брижит е свесна за ризиците што ги носат погрешните чекори. „Да си мажена за политичар не е лесно. Многу ги почитувам нивните сопруги бидејќи тоа значи дека поднесуваме удари. Сепак, не ме мачи тоа што сум ‘жената на…’”, изјави таа за списанието.