Од СДСМ порачуваат дека завршило времето на масовна партизација и злоупотреба на државните институции што било главна одлика на влаадеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

„Владата предводена од СДСМ започна процес на ослободување на институциите заробените од ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се обезбедат независни и професионални државни институции кои што наместо во интерес на поединци и партии, ќе работат исклучиво во интерес на граѓаните и државата“ велат од СДСМ.

По локалните избори, додаваат од партијата, таквиот процес на ослободување на заробените и партизирани институции ќе продолжи и на локално ниво. Според СДСМ, секој граѓанин ќе го најде своето место во заедничкото општество што ќе пружа еднакви можности, а лицата кои вршеа притисоци и сееа омраза, повеќе нема да смеат да управуваат со државни институции и ќе мора да сносат одговорност за своите постапки.