Светска банка(СБ) ја намали и прогнозата за 2016 година за 1,7 отсто и наместо раст од 3,7 отсто, СБ предвидува дека македонската економија ќе има раст од два отсто.

Годинава се очекува македонската економија да има раст од 3,3 отсто, додека, пак, во 2018 ќе забележи раст од 3,7 отсто и во 2019 година со 4 отсто, предвидува Светска банка во јануарскиот извештај за перспективите на глобалната економија.

Овие прогнози на Светска банка за македонската економија се пониски од јунската прогноза која ја имаше лани кога предвидуваше раст од 4 отсто за македонската економија за годинава и за 2018 година.

Според последната прогноза на Светска банка македонската економија 2016 година ќе ја заврши со раст од 2 отсто што е пониска проекција во однос на јунската кога планираше раст на македонската економија од 3,7 отсто.