Рускиот олигарх и сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“, Роман Абрамович, се разведе од својата трета сопруга Даша Жукова.

По десет години брак, двојката донела тешка одлука да се разведе, но во заедничката изјава за јавност велат дека и понатаму ќе останат блиски пријатели.

„Заеднички ќе работиме како коосновачи на Музејот за современа уметност „Гараж“ во Москва, како и во Културниот центар „Островот на Нова Холандија“ во Сент Петербург“, се вели во соопштението.

Абрамович и Жукова, која е 15 години помлада од него, се запознале во 2005 година, додека тој беше во брак. Тајно се венчаа пред десет години. Имаат две деца, син и ќерка.

Жукова била богата и пред да се омажи со Абрамович, како ќерка на руски магнат за нафта.

Абрамович на втората сопруга ѝ исплатил 200 милиони по разводот.