Според истражувањето на тимот експерти за вештачка интелигенција од Универзитетот Оксфорд, кон средината на идниот век машините ќе ги преземат сите човечки работи.

Институтот за иднината на човештвото на Универзитетот од Оксфорд прогнозира дека за 45 чодини роботите ќе преземат половина од човечките работи.

Според студијата на овој институт, вештачката интелигенција потполно ќе го промени сообраќајот, здравството, науката и финансиите. Најголем дел од испитаниците веруваат дека развојот на вештачката интелигенција ќе бидат од корист за човештвото, но половина од нив сметаат дека развојот мора да внимава на ризиците и опасностите.