На руското пристаниште „Владивосток“ утрото пристигна првиот патнички брод со 40 патници од Северна Кореја, со што е воведена редовна поморска линија која ќе ги поврзува двете земји.

Првите патници во бродот, кој синоќа тргна од севернокорејското пристаниште „Расон“, се претставници на кинеските патнички агенции и руски државјани, а превозот на туристи се очекува од следната недела.

Бродот кој има 40 кабини и може да прими 200 патници и околу 1.500 тони товар, ресторан, два бара, сауни и сала за забава, ќе сообраќа еднаш неделно.  Сообраќајот меѓу двете земји досега се одвиваше преку авионски пат меѓу Владивосток и Пјонгјанг и по железнички пат преку станицата Хасан.Јапонија изрази загриженост поради првата поморска линија меѓу Северна Кореја и Русија