Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп луто го осуди објавувањето на наводните тврдења дека Русија поседувала компромитирачки материјали за него, ги нападна разузнавачки агенции за истекување на таквите вести на својата прва прес-конференција откако на 8-ми ноември ја победи демократската кандидатка Хилари Клинтон чии приврзаници го обвинуваат дека ја имал помошта од Москва.

<> on June 7, 2016 in New York City.

Доналд Трамп на закажаната конференција за 17 часот полокално време задоцни неколку минути, забележуваат медиумите. Им порача на новинарите дека е „убаво да се биде со Вас“, и образложи дека се навикнал на секојдневните прес-конференции, но дека досега не ги држел затоа што имало „многу неточни вести“. Притоа,45-от американски претседател им се заблагодари на оние медиуми кои не ги објавувале „тие глупости, кои можеби, ги објавувале разузнавачките агенции“.

Во воведот рече и дека доколку разузнавачките агенции навистина ги објавеле контроверзните извештаи, кои ги нарече „лажни вести“,тоа ќе претставува голема дамка врз нивното минато. Трамп рече и дека се радува на својата инаугурација на 20-ти јануари, за која рече дека „ќе биде убав ден“.

Очекувано, прес-конференцијата започна со скандалот околу наводното русо хакирање, Трамп потврди дека „смета оти тоа е Русија“, но и дека во тоа учествувале и други поединци и други земји.

„Мислам дека тоа е срамно, срамотно е што разузнавачките агенции дозволиле објавување информации за кои се покажа дека се лажни и фалсификувани“, рече Трамп. Досието во кое се тврдат контроверзии повторно ги нарече „фалсификувани вести“ и „лажни вести“.

„Мислам дека тоа е срамно… Тоа е нешто што би го сторила нацистичка Германија“, рече Трамп.

Призна дека Русија „веројатно“ го хакирале Националниот комитет на Демократската партија (DNC) и електронските пошти на највисоките функционери на партијата во текот на претседателската кампања, но ја бранеше својата цел за воспоставување подобри односи со Москва.

„Доколку (рускиот претседател Владимир) Путин го сака Доналд Трамп, тоа го сметам за предност, а не за опасност“, рече Трамп пред околу 250 новинари натискани во предворјето на неговите деловни простории во Њујорк.

„Дали навистина сметате дека Хилари Клонтон беше поостро кон Путин? Дали некој верува во тоа?…“, запраша Трамп.

Рече, дека се надева на добри односи со рускиот претседател Владимир Путин, но дека тоа не може да го гарантира, и потврди дека побарал од разузнавачките функционери извештај за одбрана од хакирање за 90 дена.

Телевизијата CCN во вторникот ноќта се повика на двајца функционери, од кои едниот признава дека е „недокажан“, за тој документ според кој Русија поседува компромитирачки материјали за новиот американски претседател, а порталот Buzz-Feed го објави целиот наводен документ.

Трамп долго време зборува за тоа дека се надева на подобрување на односите со Русија, но американската јавност ги стави под лупа откако американските разузнавачки агенции заклучиле дека наводно Русија ги користела кибернетичките напади да влијае врз изборите во негова полза во однос на Хилари Клинтон.

На прашањето за законот за достапна медицинска нега позната како „Обамакер“, реформата во која администрацијата на претседателот на заминување Барак Обама вложи многу напори и пари и која републиканците остро ја критикуваа, Трамп рече дека „конечно, мислев дека ова прашање никогаш нема да ми го поставите“, по што оцени дека „Обамакер“ е „целосна катастрофа“. Тој претходно оцени дека таа „ниту е ефикасна, ниту е достапна“.

Во продолжението на прес-конференцијата Трамп зборуваше за своите планови да ги врати работните места од фабриките на американските компании во странство и ја нападна фармацевтската индустрија поради цените на лековите.

Изјави дека водењето на својата компанија ќе им го отстапи на двајцата постари синови, Ерик и Доналд помладиот, до истекот на мандатот, за да ги отстрани сомнежите за судир на интереси.

„Двајцата мои синови овде присутни, Дон и Ерик, ќе ја водат компанијата. Ќе ја водат многу професионално. За тоа нема да ме известуваат“, изјави Трамп на прес-конференцијата.

Компанијата „Trump Organization“ во која влегуваат хотели, луксузни зданија и терени за голф ширум светот, нема притоа да склучува ниеден договор во текот на четиригодишниот престој на Трамп во Белата куќа и ќе ги прекине договорите за кои во моментов преговара.

„Ниеден договор во странство нема да биде потпишан во текот на мандатот“, изјави на истата прес-конференција Шерил Дилон, адвокатката на Трамп. Доколку нови договори бидат попишувани во САД, „ќе бидат темелни испитувани“, додаде.

Изборот на Трамп го отвори прашањето за можни судири на интересите во врска со работењето на неговата компанија во странство, во прв ред во Турција, Јужна Кореја и во Бразил.

Дилон притоа ја бранеше одлуката на Трамп потполно да не ја демонтира компанијата давајќи ја на продажба, како што бараа некои економски експерти во прв ред од страна на демократите. „Избраниот претседател не треба да се обврзува да ја уништи компанијата којашто ја создал“, оцени адвокатката.

Трамп во продолжение ја нападна американската фармацевтска индустрија која ја сметаат за „катастрофа“, бидејќи во САД продаваат лекови произведени во странство и притоа остануваат „неказнети“.

„Мораме да ја вратиме нашата фармацевтска индустрија. Нашата фармацевтска индустрија е катастрофа. Заминуваат на сите страни. Ни набавуваат лекови, но, главно не и произведуваат тука“, рече Трамп додавајќи дека овој сектор има „многу лобисти и моќ“.

Рече дека ќе воведе нови услови за јавна набавка во фармацевтската индустрија за да ја реши таквата ситуација.

„Ние сме најголемите купувачи на лекови во светот и немам добри постапки за јавни набавки“, рече Трамп тврдејќи дека со таквата стратегија би можеле да се заштедат „милијарди долари“.