Со новата апликација „Мој документ“ граѓаните во иднина ќе можат на брз и едноставен начин да стигнат до потребните информации како да си ги остварат своите права, односно како да стигнат до потребните документи од административна страна.

Проектот претставува апликација во која се систематизирани информации и обрасци за повеќе од четириесет административни процедури, кои ќе им помогнат за издавање на потребните документи од шест различни институции односно, Основен суд, Фонд за здравствено осигурување, судството, Министерство за внатрешни работи, Агенција за катастар и недвижности, Управата за водење на матични книги и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Македонија.

Апликацијата „Мој документ“ е прикачена и достапна за оперативниот систем Android  на Google Play Store и паралелно е направена е и за системот iOS, во зависност од потребата на корисникот.  Проектот е на Ротаракт клуб Широк Сокак Битола во соработка и помош од Ротари клуб Широк сокак Битола , кој бил подготвуван една година. Мотив за отпочнвање на оваа апликацијата e живеењето во брзо општество во кое постојано се создаваат нови административни процедури, како и честа промена на законите.