Во последните пет дена во Албанија дури осум лица починаа од ексретмно ниските температури, од кои само четири во текот на средата.

Новинската агенција Balkanweb од Тирана информираше дека во средата две возрасни лица од студот починале во Погредец и Драл.

Станува збор за стари лица, додека две деца починале за време на лизгање на езерото во Кашар, кога мразот пукнал а тие паднале во водата и смртта настапила како последица на хипотермија. Двете деца се на 12 и 15-годишна возраст, пренесуваат локалните медиуми.

Истите извори наведуваат дека температурите во Албанија веќе неколку дена се пониско од минус 20 Целзиусови степени, а по неколку децении снег наврна и во крајбрежните градови Драч.

Во Саранда, Валона и други поморски градови исто така имаше снежни врнежи, кои не се забекежани подог период.

Поради снегот голем број селски населби во североисточна Албанија се целосно отсечени.