Од граѓанската иницијатива „Центар сака да дише“ на градоначалникот Жерновски му „подарија“ цвеќиња со кои сакаат да го потсетат дека треба нешто и да сработи во својот мандат. Тие поставија цвеќиња на голем број дупки низ улиците на општина Центар.

– Повеќе од 100 дупки по улиците на Центар се пополнети со земја и насадено цвеќе за да му текне на градоначалникот да сработи нешто, напишаа од „Центар сака да дише“ на својата Фејсбук страница.

Засега сè уште нема реакција од општина Центар за оваа акција.