Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, кој се чини дека ужива во животот по обврските во Даунинг стрит 10, е фотографиран на Фестивалот на пустината во Оксфордшир, објави „Еуроњуз“.

На фотографијата се забележува како Камерон во едната рака држи чаша вино, а во другата цигара. Тој е насмеан, а со раката ја прегрнал поддржувачката на Џерему Корбин, Луси Едвардс. Она што поранешниот претседател на Конзервативната партија не забележал е дека Едвардс на својот грб има напишано Corbyn во срце.

Таа фотографијата ја објави на „Инстаграм“.

„Подобро не можев и да планирав“, напиша Едвардс.

„Срамота е што големиот Дејв К. не знае да чита“, вели поддржувач на Лабуристичката партија.