Најголемиот фестивал на електронската музика кај нас ја објави целосната програма за осмото по ред издани, кое ќе се одржи на 28 и 29 јули во Охрид.

Фестивалот и годинава има атрактивна листа со дел од најистакнатите домашни артисти, со кои на препознатливиот подиум на Плажа Парк во Охрид ветува врвно доживување. Со двете икони на светската електронска сцена, Ричи Хотин на 28 јули и ненадминливиот техно великан Свен Ват на 29 јули, повеќе од сигурно е дека ова е најмоќното издание на фестивалот досега.
Веќе се потврдени и артистите кои со своите настапи ќе го надополнат највозбудливото техно доживување овој јули. Маурицио Шмиц, Васо 626 Горан Кан, „Песинџер“ (Жани Митревски), Самоил Радински и „Флудер“.