Кунг Фу мајстор од кинескиот град Гуејџоу во провинцијата Гуангдонг демонстрира неверојатни способности на своето тело.

Монахот со своите гениталии повлече 18-тонски автобус. Трикот во извршувањето на задачата на мајсторот на боречки вештини беше снимен со камера, пишува сајтот Вести.Ru.

На снимката се гледа како Кунг фу мајсторот го „влече” тешкиот автомобил кој е врзан за неговиот пенис. Самиот монах појасни дека ја исполнува оваа задача на тој начин што се трудел да задржи својот ум смирен. Според него, со тоа тој успеал да ги избегне повредите.

Мајсторот изјави дека  способноста да се концентрира ја надградувал со години. Иако неговиот трик е прилично импресивен, но далеку е од она што сите се прашале зошто монахот се решил токму на тој начин да ја демонстрира способноста на своето тело. Во моментов на задачата „влечење” во автобус се наоѓал само возачот, кој ги снимал случувањата.