Џиновско пиле балон, високо 10-ина метри, кое неодоливо потсетува на американскиот претседател Доналд Трамп, се појави на тревникот пред Белата куќа, пренесува Би-би-си.

Пилето по име Чикен Дон има намуртен израз на лицето, златна коса, веѓи, нозе и клун, а би требало да го претставува слабото и неефикасно владеење на Трамп. Сопственикот на пилето, активист и документарист Таран Син Брар изјавил дека тоа го прикажува уплашениот претседател и дека неговата цел е да привлече внимание на претседателот што ги дестабилизира САД.

„Тука сме да го критикуваме слабиот и неефикасен претседател, кој се плаши да ги покаже своите даночни хартии. Се плаши и да му се спротивстави на Путин и сега игра улога на кукавица со Северна Кореја“, рекол Брар.

Како што пренесува Би-би-си, дозвола да го постави пилето во непосредна близина на Белата куќа му дала американската тајна служба, а средствата ги собрал преку интернет-страницата GoFundMe.