Популарните „Вести во десет“ на Би – Би- Си станаа погледани од вообичаено и тоа поради случајно емитувана порнографија.

Додека спикерката Софи Раворт го чита спортскиот извештај во вестите, на мониторите во позадина еден од вработените пуштил порно филм. Дури ни камерманите во студиото во првиот момент не забележуваат што се случува и им треба извесно време за да го променат фокусот. Сосем доволно за гледачите да ги забележат голите гради на порно актерката, а видеото да стане вистински хит на интернет.

Од Би-Би-Си признаваат дека тоа што се случило е непрофесионално и додаваат дека се истражува инцидентот.