ВИДЕО: И Кајли Џенер со свое реално шоу

Најмалата од сестрите Кардашијан наскоро стартува со реално шоу.

Сестрите Кардашијан не можат без телевизиските камери и социјалните мрежи. Едната готви, другата прикажува апликации, а сега најмалата Кајли мисли дека треба да го запознае светот со нејзиниот живот.

„Животот на Кајли“ е насловот на реалното шоу во кое ќе се прикажува вистинската Кајли каква што фановите до сега не ја запознале.
Специјално на „E!“ беше прикажан краткиот тизер од шоуто, кое треба да почне да се емитува на 6-ти јули.

Ако растeш пред камера, сите мислат дека те познаваат. Но, така не мисли и Кајли, па од јули ќе го претстави нејзиниот живот, и овој пат пред камерите.