(ВИДЕО) „Анонимуси“: Подгответе се, Трета светска војна започнува следната година

Хакерската група Анонимуси објави видео во кое тврди дека Трета светска војна ќе избие следната година и тоа поради тензиите на Корејскиот полуостров.

„Подгответе се за тоа што доаѓа“ предупредува видео материјалот кое го објавиле на Јутјуб и додаваат како Третата светска војна ќе биде глобално разорувачка, како за средината, така и на економско ниво“.

Групата порача дека “сите знаци на војната која се подготвува на Корејскиот полуостров излегле на виделина“.

Тие ги цитираат извештаите во кои Кина им говори на своите граѓани да ја напуштат Северна Кореја, за неодамнешните тестирања на балистички ракети на САД, како и испраќањето на војска на САД во Австралија.