Промените во однос на дизајнот и софтверот на новиот модел будат помал интерес од неговата цена.

Се прогнозира дека Ајфон 8 ќе чини најмалку 1000 долари. Од Епл најавуваат дека оваа цена ќе биде оправдана, бидејќи подобрените перформанси вградени во Ајфон 8 довеле до покачување на цената на апаратот.

Според информациите од Епл, целата предна страна на телефонот ќе биде дисплеј, а најмалиот мемориски капацитет е 128 гигабајти. Со тоа што предната страна е дисплеј, ќе нема копчето со идентификација на допир, а се воведува биометриска идентификација преку дисплејот.

Колку овие информации за дизајнот и цената се точни ќе дознаеме во септември, кога новиот модел излегува на пазарот.